Разликите што ги прават богатите – богати, а сиромашните – сиромашни

Ако ги прашате богатите што е нивната тајна околу тоа како се богатат, веројатно ќе ви одговорат – со многу работа. Но, ако инсистирате да бидат малку поискрени и да наведат што е разликата меѓу нив и останатите што многу работат, а сепак не се збогатиле, тие ќе ви набројат некои од следниве причини:

1. СРЕДНАТА КЛАСА ЖИВЕЕ НАД СВОИТЕ МОЖНОСТИ, А БОГАТИТЕ ПОД НИВ
Нема дилема, богатите никогаш не ги трошат сите свои пари и секогаш постои уште нешто што можат да го купат. Средната класа ја нема таа привилегија.

2. ОКОЛУ ФИРМИТЕ
Средната класа се бори да напредува во рамките на фирмата. Богатата класа ги поседува фирмите и се бори за повеќе и повеќе фирми.

3. ЛУЃЕТО ОД СРЕДНАТА КЛАСА ЛЕСНО СЕ СПРИЈАТЕЛУВААТ
Средната класа не ги бира пријателите толку внимателно како богатите. Тие немаат толку многу што да изгубат, па се поопуштени во пријателството. Богатите, од друга страна, ќе речат дека многу внимаваат со кого се дружат.

4. СРЕДНАТА КЛАСА РАБОТИ ЗА ДА ЗАРАБОТИ, А БОГАТИТЕ – ЗА ДА НАУЧАТ
Средната класа мора да работи за да преживее. Богатите пак ја имаат таа комоција погрешно да ги вложат парите, а тоа да го сфатат само како лекција од која многу ќе научат.

5. СРЕДНАТА КЛАСА ИМА ДРАГИ ПРЕДМЕТИ
Не можат да приуштат скапи подароци како што можат богаташите, но затоа тоа што го имаат им значи многу повеќе отколку скапите подароци што им значат на богатите. Тие секогаш ќе можат да купат уште еден таков.

6. ЕМОЦИИ vs. РАЗУМ
Кога ќе добијат некоја поголема сума пари, припадниците на средната класа размислуваат што прво да купат, или што прво да отплатат. Богатите, пак, имаат мир и време да размислат како најпаметно да ги искористат.

7. СРЕДНАТА КЛАСА СЕ САМОПОТЦЕНУВА
Кога на некој од средната класа ќе му предложите крупна работа, тој нема да биде сигурен дали ќе може да ја изведе. Богатиот пак, ќе ја прифати како сосема реална цел.

8. СРЕДНАТА КЛАСА ВЕРУВА ВО ТРУД, А БОГАТИТЕ ВО МОЌ
Обичниот човек верува дека со многу работа ќе напредува и ќе заработи пари. Богатите, пак, не се преоптоваруваат со работата, колку со желбата да имаат моќ. А потоа, сé е лесно.

- Реклама -