Брук Вест од Нов Зеланд има само 26 години, а веќе во својата „кариера“ на „sugar baby“ девојка, или на нашки – спонзоруша, има добиено подароци во вредност од 30.000 долари, се фали.
Меѓутоа, Брук тврди дека тоа што таа го прави за да го заработи лебот, всушност не е проституција, и дека постои голема разлика меѓу проститутките и девојките кои бараат „sugar daddy“, т.е. спонзор.
„Тоа што луѓето не го сфаќаат кога ги гледаат спонзорските односи од страна, е всушност дека тие односи не вклучуваат сексуални услуги, туку само друштво“, објаснува Брук за NZ Herald.
„Спиењето со мажи за пари е проституција и некои од нас треба да се искрени во врска со тоа. Но проституцијата и ’шугарењето’ се две различни нешта“, тврди таа.
Своите спонзори Брук ги запознавала во стриптиз клубовите во кои танцувала.
„Тие мажи ги запознавав во стриптиз клубовите, тие таму беа редовни клиенти, развивме познанство. Ако во било кој момент се почувствував непријатно, се одалечував од нив…
Не е тоа лесна заработувачка. Има мажи кои сакаат да те контролираат, создаваат токсична атмосфера во односот и тоа може да биде проблем ако не знаеш да се носиш со тоа и да ја решиш таа ситуација. Гледам дека сé повеќе жени влегуваат во такви односи по онлајн пат, што носи многу опасности. Тоа ме загрижува, особено кога станува збор за млади девојки кои очигледно не се свесни за опасноста“, додава Брук.
Вели дека мажите кои ја спонзорирале не биле „80-годишници, како што многумина замислуваат“. Најчесто се тоа мажи во 40-тите години од животот. „А во време кога мажите праќаат фотографии од своите пениси како од шала“, да се биде со маж кој умее да води смислен разговор и кој сака да и`помогне да ги оствари своите цели или да добие некои нешта што ги посакува, според Брук, е многу добро чувство.
„Знам дека некои жени добиваат пластични операции на градите или автомобили, а јас лично добивав најнови iPhone-и, MacBook Pro, повратни карти и сместување за мене и мојот француски булдог во некои земји“… вели, и додава дека не секој sugar однос е ист.
Во меѓувреме, Брук со сомнеж гледа на интернет страниците кои спојуваат спонзоруши со спонзори. Смета дека ги користат неискусните девојки кои не се свесни во што се впуштаат.
„Ако и двете личности се свесни во што се впуштаат и можат да го почитуваат тој договор, тогаш можеби прашањето не би требало да биде зошто јас го правам тоа, туку зошто вие не го правите“, заклучува Брук.
А ако Брук ја кажува вистината, злобните јазици би го поставиле и прашањето: А зошто мажите го прават тоа? Толку ли е добар „смислениот разговор“ со Брук?
Во меѓувреме, за повеќе информации за нејзиниот тешко заработен леб, можете да и` се обратите на Инстаграм.