Секој има хоби, без разлика дали тоа е читање, пишување, танцување или спортување. Но, Мери Хелен Саба има поинакво хоби од останатите, таа создава костими.
Саба, или како што ја нарекуваат пријателите, „кралицата на костимите“, одлучила да се маскира во различен карактер секој ден во годината. 26-годишната девојка го документирала предизвикот поставувајќи слики на нејзиниот блог „Тheme me“.
После седум месеци активно реализирање на проектот, блогот на Саба добива повеќе од 2000 посети месечно. Посетителите можат да оставаат сугестии, кои таа ги зема во предвид кога чувствува недостаток на идеи.
„Најтешки се деновите кога немам испланирано однапред ништо, најчесто заради недостаток од интересни настани или родендени на популарните, и одеднаш забележувам дека станало 11 часот навечер, а јас сеуште не знам во што да се маскирам утре“ вели Саба.
Со уште пет месеци останати пред неа за целосно да го заокружи предизвикот, Саба вели дека се надева дека ќе го привлече вниманието на јавноста и дека ќе стане препознатлива како девојката со смешните костуми и необичниот предизвик.