МИТКО ЗАФИРОВСКИ – РАЗГОВАРАВ СО ДРУГАРИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Пишува Данило Коцевски за „Слободен печат“
Честопати неоправдано забораваме многу детали од нашата историја кои се битни за нас, а кои задираат во областа на историската наука или публицистика. Тие аспекти се посебно интересни, како во времето кога биле објавени, така и денес. Нашиот познат општественик, публицист и културен деец со исклучителни заслуги во многу домени, Митко Зафировски (1907-1973), има објавено посебно занимливи разговори со другарите на Гоце Делчев, и тоа лично со: Туше Деливанов, Михаил Герџиков и Михаил Чаков. Тоа се всушност интервјуа кои Зафировски ги правел со нив додека живеел во емиграција во Софија, по повод 35-годишнината од смртта на Гоце Делчев.
Она што е битно за нас Македонците е податокот дека овие разговори се објавени во весникот „Гоце“, во кој Зафировски бил еден од уредниците во 1938 година. Статијата е печатена под псевдонимот Д. Григоров, а тоа е единствениот број на весникот што излегол. Статијата подоцна е препечатена во книгата на Митко Зафировски под наслов „Тие години“, Скопје, 1983 год.
Поминало време, другарите на Делчев постојано се гледале во кафеаната „Средец“ во Софија, каде што Зафировски ги наоѓал и ги интервјуирал. Некои од нив го канеле на разговор и во своите домови. Еве делови од тие разговори онака како што ги забележал нивниот автор… ПРОДОЛЖУВА ТУКА.