Делфините се вторите најбистри суштества на планетава и имаат голем број мозочни функции кои се поврзуваат со висока интелегенција. Тие се толку паметни што научниците често комуницираат со оние делфини кои живеат во заробеништво со помош на награди.
Но биолозите сега имаат остварено двонасочна комуникација со делфини во дивината во прва студија од овој вид. Доктор Денис Херцинг и нејзините колеги од Wild Dolphin Project во Јупитер, Флорида, воспоставиле заедничка, примитивна форма на јазик со помш на звуци, симболи и помагала. „Во голем број на студии со делфините, особено оние во заробеништво, се комуницира со помош на награди како риба“ изјавила доктор Херцинг. „Но ретко може да се види делфините да комуницираат со нас.“ Експериментот подразбирал комуникација во која луѓето и делфините бараат некој предмет, како топки или шалови.
·
Голема подводна тастатура била главниот фокус на студијата; на секое копче бил насликан различен симбол и при негово притискање секое копче испуштало звук со различна фреквенција. Кога некој од делфините ќе го притиснел копчето со носот, научниците го фрлале побараниот предмет во водата. Ако делфинот решел да го повтори истиот звук без да го притисне копчето, тогаш побараниот предмет повторно бил фрлан во водата. Во тек на три години, научниците си играле со делфините во 40 сесии од по половина час.
Тие откриле дека додека младите мажјаци биле речиси незаинтересирани, младите женки уживале во играта. Доктор Херциг додала: „Ова е периодот кога женките имаат многу време за играње, пред да станат мајки.“ Сесиите биле најуспешни тогаш кога биолозите претходно пливале со делфините, особено кога воспоставувале визуелен контакт со делфините и ги имитирале нивните движења. [They’ve really clicked! Dolphins and scientists talk to each other using shared primitive language]