Razer го најави најтенкиот гејмерски лаптоп – новата верзија на моделот Blade Pro со дебелина од само 0,66 инчи.
Новиот лаптоп работи со процесор од новата генерација на Intel Haswell и го има најмодерното графико забрзување, во лицето на Nvidia GeForce GTX 765M GPU. Корисниците исто така можат да најдат во него SSD диск и 14 инчен HD + екран со LED позадинско осветлување.
Според зборовите на директорот на Razer Min-Liang Tan тоа е најмоќниот 14-инчен гејмерски лаптоп во светот, кој освен тоа е и најлесен и удобен за употреба.
Новиот лаптоп ќе чини $ 1799 за верзијата со 128GB, а цената за верзиите со 256 и 512 GB цената сеуште останува непозната, но се претпоставува дека ќе варира од $ 200 до $ 400 повеќе од основниот модел.
Меѓу останатите спецификации моделот има димензии од 13.6 x 9.3 x 0.66 инчи се 8GB RAM DDR3L на 1600 MHz, 2GB GDDR5 VRAM за графичкиот акцелератор, а исто така има и , Wi-Fi и Bluetooth модули од нова генерација.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk