Жителите на една скопска населба сабајлево ги разбуди прекрасна глетка што им ги стопли срцата.
Украдените шахти низ цела населба уште еднаш ги потсетија дека човечката добрина ќе ја најдете и каде што најмалку очекувате. На пример, дури и во каменото срце на крадецот на шахти.
Ете, овој (или поверојатно – овие) во Карпош 1 биле толку човечни што во некои од шахтите ставиле дрвца, за да не се утепа некој недолжен. Може и дрвцата се украдени, ама хеј, гестот е тоа што се цени. Секоја чест за крадците.
Фото: Екипата на „Слободен печат“
Локација: Улица Руѓер Бошковиќ во Карпош 1