Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа 92“ и екс-градоначалник на Кочани, кого порталот „Лидер“, повикувајќи се на свои извори во истрагата, го наведе како еден од групата бизнисмени кои освен Камчев биле уценувани од дружината (на) Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева, демантира дека платил рекет од пола милион евра.
„Никој ниту ми се јавувал, ниту сум се видел со Боки 13, ниту од мене барал нешто такво. Ниту пак сакам да се видам со таков човек. Мојата компанија нема ни маркетинг во 1 ТВ, никаква соработка не сме имале, така што ова е дезинформација. 500.000 евра се огромна сума за мене. Не можам да видам 5.000 евра во кеш не па толку“, рекол Димитровски во краткиот телефонски разговор со „Лидер“.
Димитровски е еден од осомничените во предметот „Поштенска банка“ на СЈО.