Ги жалиме слатките кученца и мачиња, кравите и свињите малку помалку, а растенијата не ги жалиме воопшто. Лоши вести: овие последниве го кренаа гласот.
Додуша не буквално, но во новата студија во Nature Communications се вели дека растенијата одговараат на стресот ослободувајќи го истиот хемиски „алармен сигнал“ што го ослободуваат и луѓето. Се работи за неуротрансмитерот гама-аминобутирична киселина – GABA.
Научниците открија дека нивото на GABA во растенијата се зголемува при стресни ситуации, како кога инсект ползи по листовите, кога има поплава или жештина/пожар.
Метју Гилиам од универзитетот во Аделаид вели: „Растенијата изгледа ја регрутираат GABA со цел да ги регулираат електричните сигнали кои го контролираат нивниот раст. Се работи за паралела меѓу животните и растенијата за која до сега не знаевме дека постои“.
Според него, овој систем на одговор им овозможува на растенијата да го променат начинот на кој живеат во текот на одреден временски период. На пример, да ја променат брзината и стапката на раст или да го забрзаат/забават метаболизмот.