Растението што „силува“ муви

ceropegia

Растенијата имаат цела лепеза од тактики за намамување на опрашувачките инсекти, ама ова за кое ќе зборуваме сега е посебна приказна. Претежно е украсно растение, и е популарно под името „Џиновска Церопегија“.

Околу 4 до 6% од сите растенија, користат измама за да привлечат опрашувачки инсекти, ама научниците порано немаат видено ваков трик. Во последното издание на Current Biology, истражувачите од универзитетот во Салцбург во Австрија и од универзитетот Bayreuth во Германија, ја опишуваат уникатната стратегија на церопегијата – растение со цвет налик на чадор, кој го користи за привремено да ги зароби опрашувачките инсекти.

Како што објаснуваат еволуциониот биолог и ентомолог Штефан Дотерл и неговите колеги, цветот-стапица на џиновската церопегија мириса на пчела што е под напад. Зошто некое цвеќе би сакало да ослободува така специфичен мирис? Па, баш таа арома всушност ги привлекува паразитските муви – и ги намамува да го опрашат цветот. Мирисот ги привлекува бидејќи тие често се гостат со остатоците од пчелите што се убиени од пајак или некој друг предаторски инсект.

elfsbhkbnbvizrgqsy4s[1]И така, инсектот што мисли дека е на пат да мези вкусна вечера, всушност станува заробеник, па може да се рече и секс-роб. Кога несомничавата мува влегува во цветот, стапицата се затвора, заробувајќи ја мувата внатре. Мувата се бори некое време, притоа ненамерно опрашувајќи го цветот. Кога сé е готово, а за тоа решава церопегијата, цветот се отвора, а мувата е слободна да си тера по свој пат.

„Мувите се привлечени од цветот очекувајќи оброк, но наместо нападната пчела, тие завршуваат во привремен ненаградувачки затвор (нема никаква храна во цветот) и се злоупотребени за опрашување“, се објаснува во извештајот. Истражувачите велат дека ова е прв пример на растение што остварува опрашување така што се преправа дека мириса на вечера на месојадно животно (инсектите што се хранат со пчели се дефакто месојадни животни).

Кога пчелата е нападната, таа ослободува млаз од отров. Оваа комплексна мешавина содржи и феромонски „аларм“, кој ги повикува и привлекува другите пчели од „семејството“ да се вклучат во одбраната. Мувите во меѓувреме се адаптирале да го препознаваат овој мирис, и да профитираат од ранетите и мртвите пчели. Мирисот на џиновската церопегија е речиси ист како состојките излачувани од нападнатите пчели.

Научниците во иднина ќе истражуваат дали и други растенија користат вака високо-специјализирани техники за привлекување на инсекти и остварување на својот репродуктивен потенцијал.

- Реклама -