Неодамнешни истражувања го докажаа она што нас искуството постојано ни го покажува: стресот има лошо влијание врз сексуалниот живот.
Но, не станува збор за само за тоа дека вашиот ум не е расположен за секс, туку се работи за начинот на кој вашето тело се справува со премногу стрес, покажало една неодамнешна анкета.
Всушност, кога во главата составувате листа од што и кога треба нешто да се направи, ни вашето тело под половината не мирува и не е подготвено за акција, а иронично но вистинито е дека можете да се расположите за малку акција, така што самите ќе создадете малку акција.
Сите знаеме дека сексот релаксира, па пробајте ги овие три чекори за да не страда вашиот сексуален живот, а со тоа и вие самите.
1. Вежбајте
Вежбањето не е познато само по намалување на стресот, тоа ја зголемува циркулацијата на крвта низ телото, вклучувајќи ги и гениталиите, кои за возврат веднаш ќе ве расположат. Размислете за вежбање на јога, бидејќи истражувањата покажаа дека редовното вежбање на јога може да го зголеми либидото и природната влажност кај жените.
2. Побарајте масажа
Дури и сексот да ви е на крај на памет, допирот на кожа со кожа е пресуден за ослободување од стресот. Не само што масажата ќе го намали нивото на стрес хормоните, туку и интимноста од ова искуство ќе влијае на вашата врска со партнерот. Всушност, тоа дури може да биде потребното нешто за да останете во креветот заедно.
3. Забележете го терминот во календар
Иако може да делува апсурно дека некој треба „да закаже термин“ за секс, особено ако постојано сте во брзање, што на крај предизвикува стрес, но ако запишете дека „тоа“ ќе го направите, поголеми се шансите дека таа работа ќе се случи. Тоа, исто така, може да помогне на вашето тело и ум да се сихронизираат, затоа што ќе почнете да размислувате за тоа што ќе се случи, што ќе носите, и слично, што автоматски ќе почне да се возбудувате.