Рангелова: Да го распуштиме Собранието, па „Советот на мудреци“ нека си притиска зелено-црвено

Недостасува внатрепартиска демократија, и не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во СДСМ, рече Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во „Click Plus“ на „ТВ21“.

Како пример Рангелова ја посочи изјавата на генералниот секретар на партијата – Игор Јанушев, дека освен неа, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ имале согласност за мнозински избopeн модел. Притоа ниту еднаш, како што вели пратеничката, не била свикана координација на пратеничката група, за да разговараат дали се за мнозински модел или модел со една избopна единица.

Слично е и во СДСМ, вели Рангелова:

„Сега за избориве одлучи само Зоран Заев, емотивно. Не добивме датум за преговори, не свика централен комитет, не се консултираше со пратениците, дури ни со осумте кои гласаа за Преспанскиот договор. Излезе импулсивно и кажа дека време е за избори“.

Рангелова се согласува дека е потребен консензус, но:

„Од кого консензус? Ние сме парламентарна демократија или консензус од ‘Советот на мудреците’? Четворица луѓе ќе ја крерираат политиката на цела држава – двата лидера на мaкeдонcкиот блок и двата лидера на aлбанcкиот блок. Тогаш, јас мислам, да го распуштиме Собранието, да не трошиме пари од буџетот за 120 пратеника. Нека одат овие четири лица, нека си притискаат зелено-црвено, нека си се договараат и многу едноставно ќе биде во државава. Демократија нула“, вели Рангелова.

 

- Реклама -