Рамни сандали

Со комбинацијата на различни материјали и детали, оваа сезона рамните сандали добија сосема поинаков и модерен изглед.Грешите доколку мислите дека ниту една облека не може да изгледа така женствено, атрактивно и елегантно како високите потпетици. Рамните сандали ова лето се токму оние кои можат да ги заменат во речиси секоја комбинација.

Дизајнирани се во различни стилови, така што секогаш можете да ги прилагодите на облеката која што најмногу сакате да ја носите.

Во комбинација на различни материјали и детали, оваа сезона рамните сандали добија сосема поинаков и модерен изглед.

Изборот е прилагоден врз различните вкусови и е навистина огромен – од едноставни модели, до онакви со двe или три ремечиња, отворени, подзатворени,  понатаму со  различни украси – големи цветови, каменчиња, па и пердуви…

Дизајнирани се од класични до превртена кожа, а најмногу доминираат ведрите и топли бои, но и моделите со дезени и животински принт. Во продолжение погледнете ги нашите предлози и уживајте со лесен чекор.

4sandali 3sandali 2sandali 1ramni sandali 5sandali

8sandali 6sandali 7sandali

 

- Реклама -