Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја намали Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ на седум членови. Како што објави „Плусинфо“, тој доставил допис до претседателот на Собранието – Талат Џафери, во кој го известува дека ја напушта пратеничката група и од 1 ноември ќе функционира како независен пратеник.
Иако сѐ уште не е официјално позната причината за оваа негова одлука, медиумите, во пресрет на денешната 116-та собраниска седница закажана за попладнево, дознаваат дека Рамчиловиќ е предложен од група пратеници од ДУИ и СДСМ за нов потпретседател на Собранието, на местото на Весел Мемеди. На денешната седница се очекува предлот да го проследи и Талат Џафери, но и независните од ВМРО-ДПМНЕ да се произнесат околу напуштањето на Рамчиловиќ на нивната пратеничка група.