Рама: Косово е само почеток, очекуваме модификација и на границата со Македонија, Црна Гора и Грција

Една од пораките на албанскиот премиер Еди Рама во неговото новогодишно обраќање до нацијата, се однесуваше и на границите на Албанија, а во контекст на неодамнешното „бришење“ на границата со Косово. Отворената граница со Косово, порача Рама, е само почеток.

„Верувам дека напролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде по критериумот на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме модификување по истиот принцип и на границите со Македонија, Црна Гора и Грција. Со таквата пракса ќе продолжиме сé до зачленувањето во ЕУ“, порача Рама.

Три дена порано, на 29 декември, косовскиот премиер Рамуш Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека „од тој ден веќе не постои граница меѓу Косово и Албанија“.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -