Ракометарките од Кичево со нов тренер патуваат во Штип

Ракометарките на Кичево во второто коло во Суперлигата за противник ја имаат ЖРК Кожувчанка од Штип. Во екипата од Кичево има мали промени, клубот го напуштија Заревска и Срњакова, како и тренерот Зиков кои заминаа во Кастриоти.

За нов тренер на тимот е назначен Војне Савески. Тимот предводен од Јанеска, која на натпреварот со ЖРК Вардар СЦБТ постигна 14 голови, ќе се обиде да ја остварат првата победа во шампионатот. Кожувчанка во првото коло беше убедливо поразена од Куманово, но на свој терен и пред своја публика ќе се бори да го совлада составот од кичево.

Поради повреда неизвесно е дали на натпреварот кој се игра утре (12 ч.) во салата на ОУ Тошо Арсов, ќе настапи капитенот на Кичево, Кристина Ходак. Во денешната програма, Жито Прилеп му гостува на Металург-Скопје во „Автокоманда“ каде Скопјанки ќе му се спротистават на поквалитетниот тим.

Прочитајте и:  Штип одвои 1 милион денари за „Кристмас маркет“

Натпреварот е закажан за 12 часот и се очекува интересен дуел. Не е познато дали ќе се одигра натпреварот помеѓу ЕЛ Коритон и ЖРК Вардар СЦБТ поради лошата состојба во која се наоѓа  кратовскиот клуб. ЖРК Металург и Куманово својот меч ќе го одиграат во друг термин поради тоа што шампионот настапува во квалификациите за настап во Лигата на Шампионите против норвешкиот Бјасен.

- Реклама -