Овој секси комплекс е наречен “Зелено село” (Green Village) и е лоциран по должината на терасовидните падини на реката Ајонг во Бали, Индонезија. Вклучува 18 еколошки специјално дизајнирани куќи, од кои секоја е рачно изработена, со различни архитектура и дизајн. За изградбата се користат речиси целосно материјали од природен бамбус. Бамбусот е исклучително издржлив материјал и е фаворит на локалните мајстори.
Бамбус е рангиран и меѓу најбрзо обновливите извори – дури и кога е отсечен, тој ги достигнува старите димензии за само 6 месеци. Кај другите дрва, овој процес трае меѓу 30-50 години.
Секоја куќа од “Зеленото село” е опкружена со бујно зеленило и “озвучена” од текот на реката. Во дел од домовите живеат постојани жители, а останатите се достапни за изнајмување за посетители.