Според последните шпекулации, актерите Рајан Гослинг и Шарлиз Терон ќе глумат во биографскиот филм за параатлетичарот Оскар Писторијус.
Гослинг би се нашол во улогата на Писторијус, а неговата трагично загината девојка, Рива Стинкемп, би ја глумела Терон.
Спрема пишувањето на „Daily Mail“, во моментов се во подготовки две сценарија за биографскиот филм на спортистот кој е обвинет за убиството на Стинкемп.
„Имате еден многу познат спортист кој е уапсен, и прекрасна млада девојка која е убиена на брутален начин“, кажал близок извор. „Сценаријата започнаа да кружат по канцелариите на директорите на филмските студија уште само неколку дена после страшниот инцидент.“
Иако Рајан веќе најави дека сака да се одмори од актерската кариера, продуцентите ќе се борат за да го убедат да игра во овој филм, откако нечие сценарио ќе добие зелено светло.
Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писторијус е обвинет за убиството на неговата девојка Рива Стинкемп кое се случи ноќта на 14 февруари.