Познатиот актер, Рајан Гослинг кој во моментов е во врска со Ева Мендез, открил дека кога бил дете бил лудо заљубен во Бритни Спирс.
Рајан, Бритни, Кристина Агилера и Џастин Тимберлејк беа дел од Дизниевиот „Мики Маус“ клуб како деца. Покрај одличната работа и забава, Рајан признава дека успеал да изгради прекрасно пријателство со Бритни за која вели дека била „типична девојка од соседството“.
„Бритни беше срце. Живееше над мене и беше вистинска девојка од соседството. Постојано игравме кошарка“, се присетил Рајан.
Меѓутоа, со годините се одалечиле а актерот изјавил дека со ниту еден од нив не е во контакт.
„Некогаш се случува да се сретнеме на некој јавен настан, но чувството е како кога ќе се сретнеш со некој од основно училиште, чудно“, изјавил тој.
Инаку, актерот не можел а да не се наврати на славата која го снашла во 1993 година кога тој имал само 12 години.
„Беше неверојатно. Ние бевме деца кои имаа невидена работна навика а тоа подоцна можеше лесно да се увиди во разликите меѓу NSYNC и останатите бендови, како и Бритни и Кристина на една и останатите пејачки на друга страна“, заклучил Рајан.