Меѓу бројните познати личности на концертот на Цеца во Будва се најде и шампионот на Формула 1, Кими Раиконен, кој се пијанчел до раните утрински часови.На настапот на Цеца во Будва присуствувале над пет илјади луѓе, но најмногу внимание привлече легендата Кими Раиконен.
Цеца излегла на сцената околу еден час по полноќ и без пауза ја забавувала публиката два ипол часа. Влезот чинел 25 евра, а оние кои сакале висока маса со стоење платиле 500 евра, а за обично сепаре гостите издвоиле 1000 евра. Централно сепаре, пак, близу до пејачката чинело 3000 евра. Претпоставуваме дека Раиконен имал токму такво сепаре.
Поради голем интерес Цеца ќе настапи во Будва и на 4 август.