Рафаел Надал прифати да се појави во една од епизодите на мексиканската верзија на популарната ТВ серија „Озборувачка“, која минатиот понеделник започна да се снима во престижното летувалиште во Акапулко.
Серијата која ќе се вика „Озборувачка: Акапулко“ ќе го претставува животот на младите и богати Мексиканци, а во една од епизодите на првата сезона ќе гостува и славниот шпански тенисер.
„Разговаравме со неговите менаџери и заинтересирани се за соработка. Рафа ќе биде кај нас во текот на турнирот, од 25 фебруари со 2 март, и кога обврските ќе му дозволат ќе издвои време да ги снимиме сцените“, изјавил за мексиканските медиуми главниот продуцент на серијата, Педро Торес, кој не сакаше да открие каква улога ќе добие тенисерот.