Шекеринска денеска рече дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО
Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Честитката ја упати на социјалната мрежа Икс, посочувајќи дека очекува Шекеринска да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.
„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“,
напиша Радев на Икс.
Поздравявам Радмила Шекеринска с назначаването й на отговорната позиция заместник-генерален секретар на НАТО и очаквам тя да допринесе с работата си за укрепването на колективната отбрана и сигурност на алианса.
— President.bg (@PresidentOfBg) November 19, 2024
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на својата земја.
Шекеринска денеска рече дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО.
Споделувајќи го официјалното соопштение на веб-страницата на НАТО за одлуката, таа во објавата додава:
„Посветено ќе работам со сите сојузници за уште посилна и побезбедна Алијанса“.
Нејзиното име како како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО, првично во август годинава го објави бриселски „Политико“, кој тогаш напиша дека постоел општ консензус меѓу сојузниците дека на оваа позиција треба да биде назначен Источноевропеец.