Во трудоинтензивните гранки, како што е текстилната индустрија, каде што проценуваме дека околу 30 отсто од вработените се мајки со деца до 10 години, не можеме сите да ги пуштиме на платен одмор, затоа што тоа ќе значи ставање на клуч на врата, вели за „Слободен печат“ Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.
– “Станува збор за фабрики со поврзан систем на работа. Така, ако еден не е на работа, не може да работи ни другиот што е на работа. Ако ние доволиме 30 отсто од вработените да не ни одат на работа, подобро да ја затвориме фабриката. Ако некој навистина не може да се организира со детето може да му излеземе во пресрет. Но, не на сите,“дециден е Димитров.
Тој вели дека ова е препорака на владата за приватниот сектор и не може насекаде да функционира.
– „Секако, во некои фирми ова може лесно да се организира. Некаде нема толкав број на мајки со деца, некаде може да се организира и работа од дома, но некаде препораката е неприменлива,“вели Димитров.
Димитров вели дека засега Владата не ги информирала како конкретно би се вршеле обесштетувањата за загубите во стопанството поради коронавирусот.
Извор Слободен печат