Работно време од 8 часа е стварно глупа идеја

Сé повеќе се таложи купчето академска литература која во последните неколку години сугерира дека 8-часовното работно време едноставно не функционира.

Студиите во полето покажуваат дека тоа колку долго работиш нема никаква врска со тоа колку ќе сработиш, односно подолгото работно време не значи дека ќе сработиш повеќе и ќе бидеш попродуктивен.

Кому му текна?

Историски, барем во САД, 8-часовното работно време стана фора по кампањата на социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810 година. Во тоа време фабриките работеа 24 часа, а работниците во смени од 10-15 работни часа.

Роберт Овен, спротивставувајќи се на таквата пракса, стана препознатлив по слоганот: „Осум часа работа, осум часа рекреација, осум часа одмор“. Меѓу првите компании во Америка што имплементираше 8-часовно работно време беше Ford (Ford Motor), no дури еден век подоцна од залагањата на Овен – во 1926 година, кога Ford паралелно и им ги дуплираше платите на своите вработени.

Сега сме скоро век подоцна, а многу академици и експерти веруваат дека работењето 8 часа на ден е страшно застарен концепт.

Во статија во e Huffington Post, Тони Шварц го цитира научникот Натаниел Клејтман, кој го проучува спиењето кај луѓето. Клејтман открил нешто што тој го нарекува „основен  циклус на одмор-активност“ – дека нашите тела оперираат на 90-минутни интервали. Навечер, тоа значи дека минуваат низ 90-минутни циклуси на длабок и „плиток“ (лесен) сон – наизменично.

Но истата шема Клејтман ја забележал и преку ден: Нашето внимание варира меѓу високо и ниско исто така на 90-минутни интервали; тоа е наречено „ултрадијан ритам“. Просто речено, за да ја одржиме продуктивноста на ниво, потребни ни се бројни паузи во текот на денот.

Д-р Тревис Брадбери, научен автор и претседател на TalentSmart, предлага алтернатива. Во својот пост на Linkedin тој истакнува дека идеалниот размер е 52 минути работа, следени од 17 минути одмор. Кај луѓето кои спроведувале ваков ритам, забележано е уникатно високо ниво на фокус во нивното работење.

Споменативе не се осамени во потрагата по алтернативи. Шведска исто така е една од тие кои експериментираа, во нејзиниот случај со 6-часовно работно време меѓу сестрите во еден дом за стари лица во Гетеборг. Првичните извештаи потврдија дека сестрите биле посреќни, имале повеќе енергија И биле попродуктивни. Откако по завршување на експериментот се вратија на старото 8-часовно работно време, разочарувањето е големо. „Се чувствувам многу поуморна од порано (кога се работеше 6 часа дневно)“, изјави една од сестрите за BBC.

Новинарот Овен Џоунс, од своја страна, предлага да работиме „само“ 4 дена неделно, а Оливер Буркман, исто така за Guardian, се залага за 4-часовно работно време.

… И додека модерниот свет полека почнува да размислува и се обидува да се договори околу тоа колку и како треба да работиме, едно е сигурно: Не треба да работиме по 8 часа на ден.

 

- Реклама -