Аледа Родригез Педраса има една од понеобичните работи во светот – кубанската влада ѝ плаќа да се погрижи дека статуата на Џон Ленон во Хавана секогаш има цвикери кога доаѓаат туристите да се сликаат со неа.
Во 1964-та, Фидел Кастро ја забрани музиката на Битлси во Куба, како дел од неговата општа војна против капитализмот. Но бендот беше толку популарен што Кубанците и тие што влегуваа во Куба константно шверцуваа копии од плочи на Битлси во земјата. Сепак, кога Џон Ленон се истакна како политички дисидент и почна да ги критикува САД и нивната влада за мешање во состојбите во други земји, Кастро го дочека со отворени раце. Во 2000-та, на 20-тата годишнина од смртта на Ленон на 8 декември, Кастро дури „отвори“ и бронзена статуа во Хавана парк во негова чест.
Статуата на седнатиот Ленон на клупа во паркот брзо стана голема туристичка атракција, но и мета на крадците (и фановите) кои единствено сакаа да ги украдат прочуените „Ленонки“ поставени на статуата. На почетокот, владата ги заменуваше украдените цвикери со нови, ама сé потешко можеше да го постигне темпото (на крадење).
И тогаш се појавува Алида Родригер Педраса.
Пред околу 2 години, таа почнува да става свои цвикери на статуата. Настрадуваат и неколку од нејзините, но забележувајќи ја нејзината посветеност, властите ја вработуваат како официјален чувар на Ленонките. Денес таа зема плата од 245 кубански пезоси – повеќе отколку што заработуваат повеќето Кубанци, со единствена должност да се погрижи дека цвикерите се на своето место секогаш кога со статуата се сликаат туристи. Обично, штом туристичкиот автобус застане во Хавана Парк, ќе ја видите Алида како изглегува од сенката на блиското дрво и ги мести на бронзениот нос. Денес 72-годишна, вели дека се пронашла во својата работа, и покрај тоа што не е нешто посебно гламурозна.