Заврши спасувачката драма во Центар, откако еден работник посакал да скокне од скелето на згарадата, над „Мекиците од стража“ на „Рекорд“.
Неколку граѓани се обидувале да го убедат да не скока, a на крајот дошла полицијата.
Полицијата го фатила работникот, по што тој бил одведен во болница.
Како што велат очевидиците човекот се жалел на сиромаштијата, дека не му е исплатена социјалната помош и дека има семејство кое не може да го издржува.