Американецот Фреди Фабрис е фотограф кој отсекогаш негувал сериозна почит кон ренесансните сликари. Додека размислувал како да ја изрази таа почит низ својата работа, налетал на еден автомеханичарски сервис на Средниот Запад, кој подоцна ќе се покаже како зародишно зрно на серија од портрети на автомеханичари, претставени како пандан на познатите ренесансни слики.