На денешната редовна 167. владина седница, Владата на РСМ донесе одлука да се формира работна група од тројца членови, која ќе има задача до претседателот на Владата – Зоран Заев, да достави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот Прослава на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Швepцepи“ во Националната Установа Македонски народен театар, сооштуви владината прес-служба.
Работната група ќе биде составена од заменик министерот за култура – Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура – Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар – Симона Угриновска.
Во рамки на извештајот работната група ќе треба да достави и детални информации за „евентуалната“ штeтa врз инвентарот, соопштуваат од Владата.