Работите што ги мразевме како деца, но ги сакаме како возрасни

Корисник на Reddit решава да постави генијално прашање: „Што е она што како дете се сметаше за казна, а денес – за награда?“

Еве дел од нив:

1. Попладневно спиење

Во градинката беше најнепријатниот дел од денот, а денес повеќето од нас може само да сонуваат за неколку минути слатка дремка.

2. Да седите мирно

Што е поубаво од тоа да седиш и да не правиш ништо? „Жалам шефе, не можам да работам на овој проект. Треба да седам во аголот 20 минути.“

3. Да ти купуваат чорапи

Облеката е најпознатиот здодевен подарок за децата, а денес? Дали би се одрекле пар топли чорапи?

deca1

 

4. Да одите на пазар за облека

Иако многу возрасни продолжуваат да не го сакаат одењето по продавниците, изразот “шопинг терапија” зборува сам за себе. Само продавницата за играчки веќе не ве привлекува.

5. Да те пратат во кревет

Децата (мислат дека) немаат потреба од сон. А денес? Немате трпение да се довлечете до тоа топло и пријатно место каде што можете да ги отфрлите сите грижи.

6. Да јадеш зеленчук

Како мали сите ги мразевме “зелените нешта”, а денес некои луѓе би живееле само на салати …

7. Да одиш на училиште

Како дете да одиш на училиште по 5 часа на ден изгледаше целосно мачење. Сега да си седиш и да учиш добри работи по цел ден – при тоа бесплатно – тоа е рајот на земјата!

- Реклама -