Мажите генерално сакаат да се фалат за своите сексуални вештини, но сепак жените се многупати подобри учители во креветот, а благодарение на вродената сензуалност и нежност можат брзо и вешто и најнепослушните ученици да ги научат на тајните на сексот.
Еве што можат мажите да научат од жените.
1. Предигра која трае подолго
Пред да се возбуди жената мора прво да се „загрее“ во главата. Најдобар начин за тоа е секако целодневниот флерт и тоа со помош на жешки СМС пораки кои само ќе навестат што ќе се случува навечер.
2. Вибратор како сојузник, а не како конкуренција
Оваа „играчка“ можеби не им е омилена на мажите, но ако изберете вистински момент кога да ја употребите со објаснување дека и двајцата ќе уживате, вибраторот не мора да ви биде непријател, туку моќен сојузник.
3. Откривање на интимни мечти
Најголемата интимност меѓу партнерите се постигнува со отворен разговор за скриените сексуални фантазии. Мажите тешко ги откриваат своите тајни, а често и се плашат од прекор. Затоа жените треба да го направат првиот чекор и отворено да зборуваат за фантазиите.
4. Сексуална масажа
Доколку после работа се чувствувате заморно и не ви е до секс, соберете ги последните сили и предложете една кратка, но ефективна масажа со етерични масла, која сигурно ќе се претвори во сензуално галење, совршена предигра за моќен секс.