Работа од соништата во Дубаи: Плата од 2.770 евра, стан, платени трошоци, а ќе возите и Ламборџини и Ферари

Британската компанија зад популарниот вебсајт за продажба на луксузни добра – HushHush, бара агент за работа која според критериумите на многумина се квалификува како работа од соништата. Предложената плата е 33.320 евра годишно, односно 2.770 евра месечно, плус процент од зделките, плус живеалиште на сметка на компанијата, плус платени режимски трошоци и трошоци за патувања.

Задача на агентот ќе биде да ги обиколува Обединетите арапски емирати и соседните земји во регионот, во потрага по напуштени суперавтомобили, кои потоа ќе ги тестира и, ако се во возна состојба, ќе ги продава.

Се разбира, тоа немаше да звучи така лесно ако не стануваше збор за Дубаи, каде дури и полицијата вози Bugatti и Ferrari, а отпадите се полни со возила од овие и други големи автомобилски брендови.

Напуштените суперавтомобили во Дубаи, Абу Даби, и останатите емирати, завршуваат таму од повеќе причини. Една од нив е што брзо им здосадуваат на сопствениците, кои обично преминуваат на понови модели и немаат интерес да продолжат да се грижат за „старите“, ниту да ги продадат. Добар дел од суперавтомобилите се напуштени и од бизнисмените кои биле погодени од економската криза, кои порадо се ослободуваат од нив отколку што би ги плаќале високите трошоци или казни за задоцнети плаќања.

Од кандидатите за работното место не се бара претходно работно искуство, но треба да имаат наполнето 21 година и да имаат валидна возачка дозвола. Идеалниот кандидат, според компанијата, треба да има и големи познавања за суперавтомобилите, за тоа колку се ретки, како и која отприлика е нивната вредност на пазарот. Од кандидатот се бара да ги поседува и вештините нужни за да ги пронаоѓа сопствениците и лизинг компаниите и да ги убедува да ја препишат сопственоста на HushHush. Познавањe на арапски јазик и толеранција на топлата клима не се споменуваат, но очигледно се подразбираат.

A што сè има по автомобилските отпади во Дубаи, погледнете ТУКА и во галеријата во продолжение:

 

- Реклама -