Силниот ветер оддувал 65-годишна жена од балконот на четврти спрат во зграда на пацифичкиот остров Сахалин, пренесуваат руските медиуми.
Излегла да пуши цигара, а завршила, на нејзина огромна среќа, лежејќи надвор на куп снег.
Згора на тоа, амбулантното возило не можело да дојде до локацијата, па жената е пренесена во болница со багер.
При падот, несреќничката ја скршила раката и три ребра, а добила и потрес на мозокот.
Сахалин е наоѓа на крајниот исток на Русија. Од понеделникот е погоден од серија силни олуи, а ветровите достигнаа брзини од 150 километри на час. Ѕирнете ги сателитските снимки и сé ќе ви стане јасно.