Пуpaта во Белата куќа, реакцијата на Никсон и одговорот на Тито – еве што е вистината

Ликот и  делото на Јосип Броз Тито изродија многу приказни изминативе децении. Една од најпознатите, која ја би требало да ја долови големината на Тито, е онаа за пуpaта што ја зaпaлил во Белата куќа. Во пресрет на 40-годишнината од неговата cмpт, повторно станува актуелната темата за кубанската пуpa и реакцијата на американскиот претседател Ричард Никсон, по што следувал ладнокpвен одговор од Тито.

Анегдотата, која со години се шири особено преку друштвените мрежи, раскажува дека за време на посетата на Тито во Белата куќа во 1971 година, строго било забрането пyшeњето, но дека Тито и покрај тоа запалил пуpa, и тоа кубанска (на помалку од десет години од Кубанската криза), наводно подарена лично од Фидел Кастро.

„Господине Претседател, ние во Белата куќа не пушиме“, реагирал Никсон, според приказната, на што Тито суетно одговорил со „Добро за вас“, продолжувајќи да влече од пуpaта.

Сепак, се работи само за приказна.

Имено, во тоа време немало строга забрана за пyшeње во Белата куќа. Напротив, до средината на 1970-тите, обичај било американскиот претседател да им понуди пуpa на своите гости во Зелената соба на Белата куќа. Особено страствен пушач нил, на пример, Џон Ф. Кенеди.

Пyшењeто во Белата куќа стана табу дури во мандатот на Бил Клинтон. Наводно, неговата сопруга Хилари Клинтон била таа која одлучила дека повеќе нема да нуди пепелници на гостите за време на официјалните вечери. Бил Клинтон, наводно, не се спротивставил на одлуката на тогашната прва дама, иако и тој самиот повремено знаел да запали пуpa.

Во прилог на ова оди и текстот во „Њујорк тајмс“ објавен во 1993 година, во кој се зборува за недостатокот од критика за одлуката на претседателската двојка да забрани пyшење во Белата куќа.

Дотогаш дури и Ненси Реган им нудела пепелници на гостите за време на свечените вечери. Нејзината асистентка за односи со јавност во една прилика раскажа дека Реган тоа го правела бидејќи сметала дека тоа го наложува пристојноста.

Во текстот на „Њујорк Тајмс“ од 1971 година, кој ја опишува посетата на Тито, пишува и дека тој пyши американски пуpи, како и дека преферира Скоч наместо Сливовица.

 

- Реклама -