Пукање во скопско Батинци: Едно лице почина, друго е повредено

Пукањето, информираат од МВР, се случило од автомобил кон друг автомобил

Едно лице почина, а друго е повредено во престрелка што утринава околу 9 часот се случила во скопското село Батинци во Општина Студеничани. Пукањето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), се случило кога напаѓачите пукале од еден автомобил кон друг автомобил.

„На 01.07.2024 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Батинци, Скопско, две лица со патничко возило ‘мерцедес’ пукале кон патничко возило ‘форд’ во кое биле А.Б.И. (34) и З.И. (31), двајцата од с. Црн Врв“,

информираат од Министерството.

На самото место починал 34-годишниот А.Б.И., а 31-годишниот З.И. се здобил со повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР информираат дека скопската полиција во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. 

- Реклама -