Пукање во трговскиот центар „Ист гејт“, нема повредени

Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Нема повредени лица.

– Има пријава за трговски центар околу 16 часот. Нема повредени, велат од МВР.

Во моментот полицијата врши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините.

МИА

- Реклама -