Најмалку 14 лица станаа жртви на масовно пукање во калифорнискиот град Сан Бернардино.
“Прелиминарниот број со кој располагаме во моментов, е дека таму починале 14 лица. Според нашиот попис други 14 лица се сместени во различни болници со значителни повреди “, изјави за новинарите шефот на полицијата во американскиот град лоциран источно од Лос Анџелес.
При престрелка со полицијата еден од осомничените стрелци, кој го започнаа пукањето во калифорнискиот град Сан Бернардино, беше “соборен”.
“Знам дека имало престрелка и осомничениот е убиен”, изјави за новинарите наредникот Вики Сервантес. Телото беше прикажано во живо на телевизија, на позадината на полициски автомобили.
Малку подоцна стана јасно дека уште еден од наводните напаѓачи бил повреден од силите на редот, но првично не беше потврдено дали е починат или само се здобил со повреди. Настрада и вработен од силите на редот, но неговите повреди не се опасни по живот.
Според неофицијалните податоци околу реонот на несреќата е пронајдена најмалку една експлозивна направа. На местото беа испратени експерти за деактивирање на бомби.
Инспекторите успеаја да го откријат идентитетот на еден од напаѓачите. Неговото име е Саид Фаруд. Извори велат дека вториот наводен сторител е братот на Фаруд, но била вклучена и жена чие што име уште не е познато. Остана нејасно која е жената која што учествувала во престрелката со полицијата.
Според податоците на извор од полицијата, истражните органи мислат дека причината за трагичниот инцидент, во кој загинаа 14 лица, а други 17 беа повредени, може да биде голема расправија меѓу напаѓачите. Не се исклучува можноста за “терористички инцидент”, истакнаа од ФБИ.