Пукaл ли пратеникот Адеми на свадбата? Куpшумoт нема да се вештачи, повpeдениот Биљаљи ќе си го носи дур е жив

Пукал ли пратеникот од ДУИ – Џеват Адеми, на свадбата во Мала Речица каде неговиот син и 27 годишниот Адријан Биљали беа погодени од „заталкани куршуми“ при славјето со рафална стрелба од пиштоли? Куршумот што требаше тоа да го покаже нема да биде вештачен, бидејќи нема ни да биде изваден од градите на повpeдениот Биљаљи. Чудно е и што иако се пукало во повеќе наврати, не е најдена ниту една чаура на местото, објави „Плусинфо“.

Според Неџати Јакупи – директор на Торакална хирургрија (и поранешен пратеник и министер за животна средина на ДУИ), куршумот во градите на Биљаљи се наоѓа на мошне специфична позиција која не го загрозува животот на пациентот, но токму тоа би бил исходот доколку куршумот биде изваден. Повеќе детали на „Плусинфо“ (ЛИНК).

Претходно ТВ „Алфа“ објави копија од полицискиот записник, во кој е заведен исказ даден од сведок, според кој и пратеникот Адеми испукал еден рафал:

„Во еден момент Џеват испукал еден рафал од НН црн пиштол во вис, а за кратко време дошол и неговиот братучед, кој седел до Џеват, кој откако седнал и тој извадил огнено оружје, пиштол сива боја и испукал неколку куршуми. За кратко време почнале и двајцата да пукаат рафално со нивните пиштоли, како да се натпреваруваат кој ќе испука повеќе, а откако престанале да пукаат, ги вкрстиле цевките на пиштолите и ги држеле во раце“.

 

- Реклама -