Детството е како сон, кој поминува брзо, но се сеќаваме целиот живот. Сите ние ги паметиме долгите летни вечери, во кои сме стоеле до доцна надвор да играме со пријателите и едноставно да бидеме деца. Со насмевка и блага носталгија да се потсетиме на најзабавните игри кои сме ги играле со часови и никогаш не ни здодеало:
Криенка
Еден брои, сите останати имаат определно време, за да се сокријат. Кога ќе откриете некое дете, трчате до местото на криење и го „плукате“, со тоа што велите „Пу за Иван”. Ако скриениот прв пристигне до местото вели „Пу за мене”. Целта е сите да успеат да стигнат до местото пред оној кој што „жмури“ , односно мижи. Кога ќе остане последниот сокриен, има можност доколку прв стигне до целта да ги спаси сите, велејќи: Пу за мене, пу за сите, спас!
Народна
Играчите се делат на два тима и на асфалтот се црта линија по средината, која ги дели групите. На двата краја застанува по еден човек од секој тим, кој што ја игра улогата на „конзул”. Детето од едниот тим мора да погоди играч од спротивниот тим, ако зачекори во полето на другиот тим – излегува од играта. Но, ако ја фати топката „спасуваа” некој од сопствениот тим, кој се враќа во полето за игра.
Пијан морков
Најчесто игравме по тројца, но „пијани моркови” понекогаш беа и повеќе. Имаше по две деца на крајот, кои си ја додаваа топката, а пијаното морковче мораше да ја фати. На негово место доаѓа оној од чии што раце ја фатил топката.
Расипан телефон
Наредете се во редица, првиот измислува збoр и секој го шепка на уво на другиот до него. Немавме право да го кажеме повеќе од еднаш, а конечно последниот од редицата мора да каже кој е првиот збор. Обично уште во средината на редицата зборот се менува од уво до уво, па честопати на крајот се слуша „хлјхфлрудфгл“ или слично. Игра која носи добра порака за она што понатаму во животот се вели „озборување“ или „тајна“.