Птицата која лае

1227644669.jpgАко некогаш сте се интересирале за чудата и невообичаеностите на природата сигурно не сте ни претпопставувале дека некаде во светов постои птица која наместо да пее знае само да лае. Ова откритие претставува уште еден доказ за се  уште неоткриениот жив свет на Земјата…

Ако сакате во живо да видите една птица како лае, треба да направите една мала авантура до регионот на Еквадорските Анди, или подобро познат како "Сиера". Во ноември 1997 година орнитологот Роберт С. Ридгели, со неговиот тим, ја започна својата експедиција на Еквадорските Анди и ја откри црно-белата птица со изглед на патка, но со подолги нозе, која за време на нивната експедиција го преплашила тимот со нејзиното лаење. Лаењето кое го произведува е звук кој природно го има наследено, а не претставува никаква имитација на научен звук, кој како што ни е познато, поголем број од папагалите го "практикуваат".  Видот, сега именуван како Antpitta avis canis Ridgely, со нејзината должина на патка е најголемиот вид на птици откриен во последниов век. Во тоа време во регионот имало само 30 примероци од овиј вид и се претпоставува дека толку долго време останале неоткриени за човекот поради нивната далечна и недостапна локација и, се разбира, поради фактот дека не пее. Роберт С. Ридгели го објави своето откритие на 11 јуни 1998 година. Како што беше откриено, во моментот кога го слушнале лаењето,  Ридгели направил снимка на звукот со надеж дека со емитирањето на истиот звук ќе се привлече животното. Мамката била успешна и за помалку од минута птицата слетала блиску до нив. Веднаш бил препознаен вид од antpitta – птици кои речиси не летаат и кои се хранат само со инсекти кои живеат во шумите на Латинска Америка.

ds-barkingbird.jpg

 

0009a3e6-542e-1ce2-95fb809ec588ef21_arch1.jpg

 

- Реклама -