ПСЖ нуди 40 милиони евра за Ибрахимовиќ

Француски ПСЖ ќе биде во центарот на вниманитео престојниот летен преоден рок. Сопствениците на тимот од Париз дефинитивно е јасно дека нема да ги жалат парите и на италијанскиот тренер Карло Анчелоти ќе му овозможат состав способен да освои титула по цели 19 години.

Тимот треба да биде конкурентен и за Лигата на шампионите, па поради тоа ПСЖ испрати официјална понуда до италијанскиот вицешампион Милан за шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, најдобриот стрелец во Серија А изминатово првенство.

„Во игра се 34 милиони евра, а „Росонерите“ може да добијат и плус шест милиони евра на име на бонуси доколку се одлучат да го продадат напаѓачот“ – пишува „Кориере дело Спорт“.

Изворите наведуваат дека ПСЖ подготвува договор на три години за Ибрахимовиќ со заработувачка од 9 милиони евра годишно. Кога популарниот Ибра премина од Барселона на „Сан Сиро“, Каталонците добија 24 милиони евра.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -