Психотест: Кој ви носи добри вести?

Едно попладне се одмарате и  некој ви ѕвони на врата. Ја отворате вратата и таму ве чека  изненадување – двајца гласници од животинскиот свет ви носат вести за вашата иднина.

На вратата се две животни, едното ви носи убави вести, додека другото загрижувачки. Пред да ги прочитате нивните пораки, сфаќате дека тие содржат многу различни прогнози за она што ве очекува во иднина. Едното животно ви носи писмо во кое ви претскажува среќа и задоволство во животот, другото најавува само несреќа и тага.

Кое животно ви донело добри, а кое лоши вести? Одберете различни животни за двете опции:

1. Тигар

2. Куче

3. Овца

4. Папагал

5. Желка

Решение:

Во ова сценарио, животното кое го избравте како гласник на добрите вести ја претставува личноста која ја замислувате како идеален брачен другар, додека другото животно кое ги носи лошите вести, е тип на личност за која сметате дека би ве фрлила во очај.

1. Тигар

Добри вести: Сметате дека би биле најсреќни со амбициозен и силен партнер кој има непоправлива желба да биде главен.

Лоши вести: Се плашите од иднината со вообразен, тирански партнер кој се движи наоколу како крал на џунглата и `ржи на секој обид некој да му додели задача.

2. Куче

Добри вести: Безусловната лојалност и апсолутната верност се особини кои најмногу ги цените кај партнерот.

Лоши вести: Вие никако не можете да се ускладите со некој кој сака да им угоди на сите и се плаши од она што другите би можеле да си го помислат.

3. Овца

Добри вести: Среќна иднина гледате со партнер кој со многу топлина ќе се грижи за вас.

Лоши вести: Се плашите дека би можеле да завршите со здодевна личност врзана за домот, која се задоволува со тоа секој ден да пасе на истото пасиште.

4. Папагал

Добри вести: Најмногу би ви одговарала зборлеста, забавна личност која знае да ве насмее.

Лоши вести: Ништо не би ве нервирало повеќе од брблив мрзелив човек кој е алергичен на секаков тип работа.

5. Желка

Добри вести: Вашиот идеален партнер е сериозен, стабилен и секогаш покрај вас кога ви е потребен.

Лоши вести: Можноста да го поминете животот со ужасно бавен, тромав партнер претставува вашиот најстрашен кошмар.

- Реклама -