Двајца истражувачи психолози имале едноставно прашање: Како емоциите влијаат врз нашите одлуки?
Она што тие го откриле било силна врска помеѓу две емоции кои ретко ги поврзуваме. Луѓето кои биле гневни носеле одлуки кои биле исто толку оптимистички колку и одлуките донесени од среќни луѓе.
Џенифер С. Лернер и Дакер Келтнер објавиле студија во која тие документирале серија психолошки тестови. Тестовите го мереле општото расположение на субјектите по што од нив било побарано да донесат серија одлуки во ситуации во кои би имало многу жртви – но и во кои би можеле да бидат спасени многу луѓе.
Тие откриле дека луѓето кои биле гневни носеле пооптимистични одлуки, подготвени да преземат поголем ризик со цел да спасат повеќе луѓе. Плашливите луѓе пак често носеле песимистички одлуки во кои жртвувале повеќе луѓе преземајќи што е можно помал ризик. Интересниот дел е што гневните луѓе носеле одлуки кои биле слични на оние донесени од среќните луѓе.
Ова значи дека луѓето кои се среќни и луѓето кои се гневни носат слични одлуки базирани на оптимизам. Секако оптимизмот подразбира и ризик а гневните и среќните луѓе помалку се плашат од ризици од плашливите луѓе. Клучен дел од експериментот е што резултатите биле исти без оглед дали се работи за гневни личности или луѓе кои биле разгневени во текот на експериментот.