Психо трикови за полесен живот

Постојат трикови кои што би ви дале предност во комуникацијата и понекогаш можат да го олеснат животот.

Кога група луѓе се смеат секој инстинктивно го гледа оној кој му е симпатичен (или оној со кого што би сакал пријателски да се зближи, или го смета за истомисленик).

Кога имате огромна трема, земете гума за џвакање или поткаснете нешто. Ова на потсвесно ниво се асоцира со чувството за безбедност, бидејќи кога се храниме се чувствуваме како ништо да не ни се заканува.

Ако некој ни е лут, а ние го задржуваме спокојството наместо да реагираме гневно, многу поверојатно е другиот да се засрами за своето однесување.

Ако на поставено прашање, човек одговара делумно,  не вреди да го повторите прашањето. Најдобро е премолчено да го погледнете во очите, па тој ќе разбере дека неговиот одговор не ве задоволил и ќе продолжи да зборува.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Изразот на лицето не е само последица од чувствата, туку и ги предизвикува самите чувства. Обратната врска работи речиси беспрекорно, па, оние кои сакаат да се почувствуваат среќни треба да се смеат што почесто и широко!

Во говорот и писмата најдобро избегнувајте ги фразите „мислам” или „ми се чини”. Тоа се подразбира само по себе, но даваат нијанса на неувереност.

Пред важен состанок или интервју замислете дека со интервјуерот ве поврзува старо пријателство. Скоро секогаш од самите нас зависи како ќе ја прифатиме ситуацијата, а нашето спокојство и сигурност можат да се предадат на соговорникот.

Ако успеете да се израдувате кога ќе се видите со некого, дури и да ви е тешко во тој момент, при вашата следна средба тој самиот ќе биде среќен да ве види.

- Реклама -