За Гостивар 2024-та ќе биде „женска година“, како што велат старите, според првото новороденче. Утрово на гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница мајката Кристина Иваноска донесе на свет женско бебенце.
Заследете нѐ на Телеграм
Породувањето е извршено со царски рез од медицински тим предводен од д-р Агим Јакупи, раководител на одделението. „Бебето и мајката се во добра состојба, им посакуваме добро здравје и среќа“, рече д-р Јакупи.
Првото бебе во 2024 година во Македонија се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.
Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз