Првиот водител на X Factor го објави својот прв видео спот

Славко Калезиќ е дечкото кој го запознавме кога на аудицијата на X Factor имаше супер луд танц, а потоа и намигна на Емина Јаховиќ.

Понатаму тој стана дел од групата во менторство на Жељко Јоксимовиќ.

Откако излезе од натпреварот стана водител, иако таа улога од неговиот живот траеше само една епизода, додека не се појави водителката Ана Грубин, по негативните ракции.

Пред крајот на шоуто, Славко повторно се појави во емисиите промовирајќи ја неговата прва песна „Кривац“, а сега излезе и неговиот прв спот.

Иако многу го сметаат за лузер и го нарекуваат бизарен, апсолутно секој заслужува да се обиде да се пробие без да го сопнуваат без основа.

 

Славко е енергичен, ексцентричен и со огромно срце.

Ние му посакуваме успех. Погледнете:

- Реклама -