Замислете го ова. Доцните на работа, вие сте со вашиот велосипед, и единствениот начин да стигнете на време е да прелетате преку сите други возила и луѓе во сообраќајот, да не чекате да се запали зеленото светло на семафорите и да немате згради и слични објекти на патот. Па, зошто да не? Новиот изум на „Paravelo“ ви го претставува првиот велосипед кој со помош на голем вентилатор и падобран може да ве вивне во небото. Се прашувате како е тоа возможно? Погледнете самите.