Многу реткото, прво издание од стрипот Супермен беше продадено за милион долари со што стана првиот стрип кој постигна цена со седум цифри.
Многу реткото, прво издание од стрипот Супермен беше продадено за милион долари со што стана првиот стрип кој постигна цена со седум цифри.
Истиот стрип го држеше и претходниот рекорд за најскапо продаден, кога лани неговата верзија со малку полош квалитетот беше продадена за 317,200 долари. Постојат само 100 копии од овој стрип, но колекционерот кој го купи за милион долари си ја доби верзијата со најдобар квалитет. Идентитетот на купувачот и на продавачот остана мистерија.
Стрипот за прв пат бил објавен во јуни 1938 (и тогаш неговата цена била 10 центи), а во него е опишано потеклото и раѓањето на суперхеројот и како тој дошол на Земјата. Во тој број се воведува и ликот на Луис Лејн која му е посебно драга на Кларк Кент, алтер егото на Супермен. [Superman comic smashes world record and sells for $1MILLION]