Шведските научници одлучија да го анализираат животот на бебињата во првиот час од животот- од минута, во минута.
Се прашувате што прават бебињата откако ќе дојдат на свет? Шведските научници одлучија од минута во минута да го следат нивниот живот. Тие ги бележеле реакциите на 28 бебиња во првиот час од животот. Ви ги изнесуваме резултатите од истражувањето.
0 минути: Бебето испушта силен крик за да ги активира белите дробови.
2 минути: По првиот плач, бебето се опушта и лежи неподвижно на градите на мајката. Авторите на истражувањето сметаат дека бебињата мируваат за да се сокријат од евентуални предатори. Се работи за инстиктивно однесување.
2,5 минути: Бебето за прв пат отвора очи и ги движи главата и устата.
8 минути: Бебето станува активно и ги држи очите отворени пет минути. Започнува да чувствува глад и ја врти главата кон мајчините гради.
18 минути: Бебето задремува
60 минути: Првото доење – бебето голта помала количина на колострум (прво млеко), мајчините гради се стимулирани и започнуваат да произведуваат млеко.
Дури во 70-та минута бебето заспива.