Првиот „паметен бојлер” ќе биде произведен во Македонија

Македонската компанија „Леов” се вклучи во трката за „паметни производи”, велејќи дека ќе го произведе првиот „паметен” бојлер во светот. Бојлерот ќе се вклучува и исклучува, користејќи специјалн апликација за смартфон, без да биде потребно да има човек во домот.

Тој ќе биде пуштен на македонскиот пазар во септември. Од компанијата објаснуваат дека идејата им дошла уште со појавата на паметни телефони и истакнаа дека ова е целосно македонски производ.

Според креаторите на бојлерот тој ќе помогне многу во бурниот живот, кога ретко има луѓе дома.

„Секој може лесно да го користи, а известување дека бојлерот е вклучен,  ќе добива секој член на семејството кој го има истиот Анекс на телефонот”, објасни генералниот менаџер на компанијата Златко Леов.

Така паметениот бојлер ќе заштедува до 40% електрична енергија за разлика од старите котли. Покрај тоа тој ќе има четири дополнителни заштити – од бактерии, смрзнување, од греење на суво и сам ќе  детектира грешки во сензорот.

- Реклама -