Хотелот Nhow Berlin, е оценет како првиот музички хотел во Европа. Хотелот има музичко студио опремено со врвна опрема, како и гитари на менито за собна послуга.
Ентериерот, дизајниран од Карим Рашид, е надреален, но она што е карактеристично за овој хотел е тоа што дел од неговата структура навидум ѝ пркоси на гравитацијата. Дизајнот на Рашид го претвора овој хотел во луна парк за љубителите на светкав хипер дизајн. Хотелот се наоѓа на брегот на реката Шпре, во срцето на креативната сцена во Фридрихшајн и Кројцберг.